Специјалците конечно влегоа во прес центарот

by fokus

Специјалните полициски сили влегоа во прес-центарот, каде што толпа луѓе ги држеа како заложници и сега толпата е надвор, а специјалците се забарикадирани и се обидуваат да ги извлечат пратениците, пишува МКД.

Толпата насилници со голема талпа тропаат по барикадата и се обидуваат да се пробијат низ вратата што ја држат специјалците. Се слушаат силни татнежи.

Два часа пратениците беа држени во заложништво во прес центарот, а полицијата не интервенираше. Луѓе со фантомки претепаа неколку пратеници од СДСМ и од албанските партии.

Поврзани новости