Специјалци упаднале во домот на началникот на МВР во Куманово

by Фокус

По барање на обвинителството за организиран криминал, специјалци предмалку упаднале во домот на началникот на Куманово при Министерството за внатрешни работи, Стојанче Величкоовиќ, велат избори од МВР.

Засега нема информации за што се гони Величковиќ, но присутните пред неговиот дом, кои бараат одговори зошто полицијата го приведува кумановскиот началник, посочуваат оти тој најверојатно се товари за изборен криминал.

Кумановскиот градоначалник, Зоран Дамјановски – Циц, кој е еден од граѓаните кои протестираат пред домот на кумановскиот градоначалник, за Фокус изјави дека кордон од стотина полицајци го окупирале домот на Величковиќ, но се уште не го однеле во полициска станица.

Инаку, Величковиќ неодамна беше избран за началник на Куманово од страна на министерот за внатрешни работи назначен од редовите на социјалдемократите во преодната влада, Оливер Спасовски.

В.С.

Поврзани новости