Специјалните единици со показни вежби на Пониква

by fokus

Заедно со црногорскиот колега, Сергеј Секуловиќ, во зимско-рекреативниот центар на МВР на Пониква, присуствувавме на четири показни вежби од страна на Единицата за брзо распоредување и од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции на Бирото за јавна безбедност, објави министерот Оливер Спасовски.

ЕБР изведе вежба во која полициските службеници претставија случај за совладување на активен отпор, самоодбрана при напад на лица сторители на кривични дела и нивно лишување од слобода, како и операции на растурање на толпа при нарушен јавен ред и мир во поголем обем.

Полициските службеници од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции во избраните показни вежби демонстрираа техники и тактики на обезбедување на високи домашни и странски функционери.

Поврзани новости