Специјалистичката поликлиника ЕУРОИТАЛИА прераснува во општа болница!

by Fokus

Надвор од секојдневниот градски метеж, в среда на 28 ноември во 17 часот, во близина на Општина Петровец, ќе се одржи свеченото отворање на ПЗУ Еуроиталиа Општа болница.

На наше големо задоволство, а од особено значење, како за Скопје, така и за цела Македонија и пошироко, поликлиничката дејност ја прошируваме и ја подигнуваме на болничко ниво. Нашата секојдневна обврска е најпрофесионална, најефикасна и најсовесна грижа за пациентите.

Најсовремената технологија и внимателно одбраниот медицински кадар се 24 часа на ден во функција на пациентот.

„Еуроиталиа“ ќе се потруди да биде Ваш дом, не само Ваша болница, впрочем нашето мото е, и секогаш ќе биде „за Вашето здравје, ние се грижиме на ЕВРОПСКИ начин“.

Поврзани новости