498
Во интервју за Дојче Веле новиот министер за полиција Оливер Спасовски најавува дека завршува фазата кога МВР беше штаб на ВМРО. Спасовски вели дека се радува дека тоа што го видел, значи дека има многу професионлаци во МВР кои чекале да почнат да работат професионално.
„Враќање на нарушениот систем на работа на Министерството во нормала. Тоа го најавува оваа моја прва одлука. Воспоставување високо професионален, слободен систем на работа на Министерството за внатрешни работи, исклучиво според законските надлежности и според Уставот. Крај на времето, „ало Горде, ало Сашо“ за политички пресметки со неистомисленици или гнасни лични пресметки преку полицијата, какви што слушнавме во проектот „Вистината за Македонија“, вели Спасовски.