Спасовски за загинатите полицајци во Диво насеље: Хероите живеат вечно!

by fokus

Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ – имињата на осумте припадници на Министерството за внатрешни работи, нашите колеги и пријатели, кои што во вооружената пресметка со терористите, ја дадоа најскапата можна жртва во името на слободата и мирот, за одбрана на татковината – човечкиот живот. Нека им е вечна слава!

Ова на фејсбук го напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Изминаа шест години од трагичниот настан „Диво Насеље“, кој ги вознемири граѓаните на нашата држава, а остави неспокој кај моите кумановци. И токму благодарение на прибраноста на моите сограѓани, злата намера на нарачателите на овој конфликт не го доби посакуваниот одговор.

Оживувајќи го споменот на осумте загинати колеги, денеска заедно со директорот на БЈБ, началникот на Одделот за специјални полициски операции и командантите на Единицата за брзо распоредување и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, оддадовме почит на нивните вечни почивалишта, во знак на благодарност кон нашите херои и огромната почит кон нивните семејства.
Хероите живеат вечно – СЛАВА ИМ!, истакна Спасовски.

Поврзани новости