Спасовски за загинатиот полицаец: Загубивме вреден и чесен другар

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати телеграма со сочувство до семејството на трагично загинатиот 37- годишен полициски службеник Виктор Цветковски од Куманово.

„Во овие тешки моменти заедно со Вас ја споделуваме болката за ненадоместливата загуба за еден млад живот. Министерството за внатрешни работи, колегите, загубија вреден и чесен другар, а Вие пак загубивте син, сопруг, татко, брат, пријател“, напиша меѓу другото Спасовски во телеграмата до семејството Цветковски. 

Поврзани новости