Спасовски: За насилството треба да одговараат и припадници на МВР

by fokus

Пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски кој денеска даваше исказ во ОЈО за насилствата во Собранието, вели дека освен насилниците кои нападнаа пратеници очекува дека Обвинителството ќе ја утврди и командната одговорност во Министерството за внатрешни работи, кои дозволија рушење на уставниот поредок.

Тој пред надлежниот обвнител ги опишал настаните во Собранието и побара нападот врз еден од виталните државни објекти да биде расветлен до крај.

На новинарско прашање дали како екс министер за внатрешни работи  додека бил на функцијата знаел дека системот за снимање на командите внатре во МВР не работел, Спасовски рече дека не знаел и дека за ова дознал од вчерашната изјава на Нухиу.

– Немав јас таква информација. Тоа што е сега како констатација од министерот, може само тој да го потврди, рече Спасовски.

Поврзани новости