Спасовски: За 15 припадници на ФЕТО се водат постапки за екстрадиција, двајца веќе не се во земјава

by Фокус

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека преку Министерството за правда се водат постапки за екстрадиција на 15 припадници на организацијата ФЕТО кои се наоѓаат на македонската територијата.

-Двајца веќе не се на македонска територија – рече Спасовски, откако министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, за време на неговата посета на Скопје побара да се преземе акција против припадници на ФЕТО, која Анкара ја смета за терористичка организација блиска со свештеникот Фетула Ѓулен, кој беше обвинет за неуспешниот пуч против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред 3 години.

Премиерот Зоран Заев, пак, истакна дека не очекува екстрадацијата на припадниците на ФЕТО да стане услов за членство на земјава во НАТО, со оглед дека и Турција е членка на Алијансата.

– Турција знае дека мора да почитуваме меѓународни стандарди и правила. И секако ако има било каков доказ, ние ќе постапиме за било што. Се знае која е процедурата за екстрадиција, за постапување ако се работи за тероризам или било што. Ние сме сепак европска земја, со европски манири и сакаме да ги почитуваме тие правила – рече Заев.

Поврзани новости