482
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги посетите полицајците во полициската станица Мазрача, што се наоѓа македонско-косовската граница, за да ги види условите во кои работат и проблемите со кои се соочуваат, како и да им оддаде признание и поддршка за чувањето на државната граница.
– Полицајците имаат сериозен проблем со начинот на сменското работење и тука ќе мора да побараме решение заедно со Министерството за труд и социјална политика, додека за другите проблеми што се однесуваат на престојот во полициската станица Министерството ќе обезбеди средства за нивно решавање – рече Спасовски.