Спасовски вели дека е тешко да се обезбедат сите докази за дојавите за бомби

by Fokus

Министерството за внатрешни работи денеска поднесе една кривична пријава за дојавите за бомби во училиштата. Направени се проверки во училиштата, остана уште едно, каде проверките се при крај, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање по поднесената кривична пријава за малолетник кој испратил една од лажните дојави за бомби во училиштата.

-Не станува збор за тоа дека има експлозивна направа, но истата таа вознемиреност што ја споделувавме за Скопје секако дека е и за таму, вели Спасовски, откако и денеска имаше дојави за бомби во училишта во Кавадарци.

Тој појасни дека според првичните сознанија станува збор за домен регистриран во Соединетите Американски Држави и како што вели тоа покажува за сериозноста во однос на хибридните напади.

-Кажав дека е тешко да се обезбедат сите докази, бидејќи ова претставува национален криминал. По добивање на какви било информации веднаш е стапено во контакт со надлежни служби со цел да се обезбедат докази и да може да се прекине овој процес, додаде тој.

Поврзани новости