Спасовски уште еднаш го погази Уставот, велат од Кризниот штаб против референдумот

by fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашното интервју за Македонската информативна агенција призна дека МВР и надлежните служби ги следат противниците на референдумот.

Ова е скандал сам по себе да се следат од МВР неистомислениците од Кризниот штаб против референдумот иако плурализмот е една од темелните вредности во Уставот на Република Македонија.

Да се нареди полициска опсервација што значи следење и прислушување само затоа што македонскиот народ и поголем дел од граѓаните нема да излезат и ќе го бојкотираат референдумот на 30 септември, нема основа во Уставот и законите на Република Македонија.

Оливер Спасовски уште еднаш го погази Уставот. Очајничкиот обид на Спасовски со противуставно следење и прислушување да ја исклучи алтернативата за бојкот на референдумот и секој кој размислува различно од пучистичката власт, нема да успее.

За кршењето на Уставот со полициското следење на бојкотирачите на референдумот, одговорност мора да има.

Поврзани новости