Спасовски: Укинувањето на рестриктивните мерки не значи дека корона вирусот е победен

by fokus

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција образложи зошто Владата одлучила да ги укине рестриктивните мерки за заштита од корона вирусот.

-Состојбата со епдемијата е под контрола, а бројот на активни случаи е стабилен. Зголемиот број изминатите денови е поради непочитувањето на одредени мерки, но јасни се кластерите и тие се добро познати.
Во наредниот период ќе има фокусирана примена на мерките за заштита кон овие жаришта, и здравството има капацитет да се справи. Здравствениот систем може успешно да одговори на очекуваните тенденции. Вирусот е тука и нема да исчезне преку ноќ. Ќе биде присутен се додека не се стекне колективен имунитет или додека не се најде вакцина. Потребно е да ги почитуваме сите мерки за лична заштита. Да живееме со корона вирусот на начин на кој ќе бидеме заштитени.
Оваа нова фаза не значи никако дека вирусот е победен. Само Комисијата за заразни болести и експертите во ова поле може да дадат изјава дека вирусот е победен, рече Спасовски.

Поврзани новости