Спасовски: Суспендирав двајца вработени фатени на улица како се дрогираат

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната собраниска говорница информираше дека двајца вработените во Министерството биле фатени на улица како употребуваат дрога. Спасовски рече дека вчера ги потпишал решенијата за нивна суспензија. Ова е еден од двата примери кој ги наведе министерот, како аргумент дека е потребно да се спроведе ветинг процес низ Министерството.

-Има силни аргументи за одредени луѓе кои се дел од безбедносниот систем, а кои воопшто не требале да бидат дел. Некои од нив гарант не требале ни да поминат по улицата каде се наоѓа МВР, а дел се исквариле во моменти кога дошле внатре. Колку и да ги поттиснувале таквите страсти, ако се определени и гледаат други арамии во институциите како прават пари, посегнуваат и они тоа да го прават. Еве еден пример од минатата недела, како аргумент зошто мораме ветинг. Поранешен вработен сега пензиониран во УБК заедно со неговиот син фатени беа со трговија на 50 кг наркотична дрога во Охрид, инаку по потекло се од Струга. Двајца актуелни вработени, вработени инаку во време на режимот во 2017 година, фатени како употребуваат дрога на улиците во Скопје, утврдени вештачени, вчера ги потпишав суспензиите, сигурно треба да бидат надвор од МВР. Да не зборувам за други кривични дела, тоа ни дава за право дека мораме да имаме ветинг – рече Спасовски.

Тој го прокоментира и предлогот судијата Владимир Панчески да биде поставен за шеф на новото обвинителско одделение кое треба да го преземе предметите на СЈО и рече дека тоа е враќање во историја и порака дека ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да расчистуваат со криминал туку сакаат да ги штитат криминалците

Поврзани новости