Спасовски: Структури на режимот работат против државните интереси во правосудството

by Фокус

Структури на режимот се уште работат против интересите на државата, како што е во правосудството, рече носителот на листата на СДСМ во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на МТВ.

-Пред 4 години како новинар не смеевте да зборувате, денеска имате слобода се да кажете. Денес сме членка на НАТО и држава којашто чека почеток на преговорите со ЕУ. Лидерот на опозицијата очекуваше дека нема да има преговарачка рамка и тоа се случи. Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ и тоа е еден од нашите столбови во Прграмата – рече Спасовски и најави затворање на 80 проценти од поглавјата во преговарачкиот процес за време на претстојниот 4-годишен мандат.

Тој упати повик до сите граѓани да отфрлат обнова на режимот и да изберат, како што рече, перспективна иднина.

Поврзани новости