Спасовски: 250.000 вработени можат да добијат по 14.500 денари минимална плата за април и мај

by Fokus

Со овој втор пакет мерки владата спроведува директна помош и поддршка за реалната економија, секое семејство, поединец и секоја фирма. Ова се мерки за сите погодени од кризата. Главната мерка од економскиот пакет е помошта од 14.500 денари месечно за секој вработен за април и мај. Со оваа мерка државата ги спасува работните места на граѓаните. За неа донесовме уредба со законска сила за финансиска поддршка за работодавачите од приватниот сектор со што стапуваат во сила сите одредби за сеопфатна директна финансиска поддршка, рече на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски.

– Ова е директна мерка за зачувување на работните места и работните процеси. Ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места и околу 35.000 компании. Сумата што ќе ја добие секој работник е 29.000 денари, скоро 500 евра. Оваа уредба го опфаќа секое претпријатие од приватен сектор кое вработува работници врз основа на договор за вработување, секое правно лице и работодавачите кои преку приватни агенции ангажираат работници, вели премиерот.

Рабодотодавецот поднесува барање за финансиска поддршка до УЈП која е задолжена веднаш да ги утврди формата и содржината на обрасците. Барањето ќе оди преку е-даноци на УЈП до 5 во месецот за претходниот месец. Комплетноста на барањето го утврдува УЈП во рок од три дена.

 

Поврзани новости