Спасовски смета дека пожарот кај „Борис Трајковски“ е подметнат од политички причини

by fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информира дека досега МВР има поднесено девет кривични пријави за подметнувачи на пожари во државата. Според него, има сериозни индиции дека покрај бизнис интереси, се случуваат пожари и од невнимание, меѓутоа и од политички причини.

– Конкретно сметаме дека она што се случи кај салата „Борис Трајковски“, тоа е подметнат пожар, сметајќи дека тука ќе се одржува конвенција на една од политичките партии. Сериозно работиме на детектирање и сите информации кои ги добиваме, одат во тој правец дека е можно да има политичка вмешаност, изјави Спасовски по денешното одбележување на 15. годишнината од МАРРИ Регионалниот центар.

Тој апелираше до граѓаните да се воздржуваат од уништувањето на природата и од кои било побуди да подметнуваат пожари и да уништуваат добра на Република Северна Македонија, затоа што, предупреди, за тоа следи сериозна одговорност.

Поврзани новости