Спасовски: Сите кои правеа вандализми ќе бидат приведени, вклучително и Бачев

by fokus

Никој кој нападнал полицаец или витална институција нема да биде амнестиран туку ќе биде приведен. Се подготвува пријавата и за лидерот на политичката партија Единствена Македонија – откри за 1Тв Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е гостин во емисијата „Уреднички брифинг“ со Ацо Кабранов.

-Приведовме 26 лица од кои се идентификувани во масата 12 лица. Материјалите се предадени во јавно обвинителство, денеска цел ден колегите работеа на снимнките и сите кои ке бидат идентификувани ќе бидат приведени и предадени на јавното обвинителство. Го гледавте и лидерот на политичка партија Единствена Македонија како се качува на хермелин, тоа е директно попречување на службено лице во вршење на службена должност. Никој нема да биде амнестиран, и за него се чека постапката, и се чека реакција од јавното обвинителство. Секој еден кој направил вандализми е приведен или ќе биде приведен. Нас не не интересира дали е член на политичка партија или на навивачка група.Сите луѓе кои учествуваат на протести мора да го знаат тоа- рече Спасовски.

Тој упати апел до сите демоснстранти кои сакаат да се пресметуваат со полицијата, да размислат со своја глава дека кога ќе направат престап мора да одговараат. Потсети дека и на 27 април политичарите се оградија од насилниците.

Поврзани новости