Спасовски: Седумнаесет лица беа приведени за изборни нерегуларности

by Фокус 20:26
20:26

Локалните избори поминаа мирно, без сериозни нарушувања на текот на гласањето, со ситни нерегуларности, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Седумнаесет лица беа проведени за ситни пекршоци, фотографирање на ливче, гласање во туѓо име. Примивме 46 пријави за поткуп на гласачи, гласање за друг, сликање на ливче – рече Спасовски.

- Advertising -

Тој додаде дена на неколку гласачки места дошло до прекин на гласањето од 15-20 минути, меѓутоа по отстранувањето на застојот, изборниот процес продолжил.

Поврзани новости