Спасовски се сретна со делегација од Достоинство

by Фокус

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оддржа средба делегација на партијата на македонските бранители Достоинство, на која тие го информираа министерот за постапките за обештетување што се воделе од страна на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди.

„На средбата беше истакнато дека за 12 семејства на загинатите бранители од МВР за сите овие години од страна на државата не постоел слух да им се излезе во пресрет, односно да бидат обештетени. Министерот Спасовски истакна дека се работи за голема неправда кон овие семејства, кои освен што доживеаа голема семејна загуба, мораа да се соочат и со исцрпувачка правна битка со МВР. Министерот Спасовски изрази подготвеност максимално да се заложи, како човек и како министер, оваа неправда да биде исправена“, стои во соопштението на МВР.

Поврзани новости