Спасовски: СДСМ се грижи за граѓаните, а ВМРО за Груевски и неговите криминалци

by Фокус
Носиме голема одлука на 15 јули, да продолжиме во сигурна иднина за нас, нашите деца и за идните генерации, ние сме на потег, порача носителот на пратеничката листа на СДСМ во втората ИЕ Оливер Спасовски на средбите со граѓани во Куманово.
-СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници – додаде Спасовски.
Тој потсети дека Куманово 11 години било казнувано од режимската ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи таму граѓаните секогаш, како што рече, се за прогресивни идеи наместо режим.

Поврзани новости