Спасовски: Премиерите на Македонија и на Бугарија покажаа како можат да се решат разликите преку дијалог

by fokus 20:26
20:26

Ако сакаме безбеден Балкан, треба да ги решиме отворените прашања. Република Македонија и Бугарија покажаа како можат да се решат разликите преку дијалог и без помош од надвор, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

-Сите држави од регионот се соочуваат со проблеми во однос на нивната национална безбедност. Добро е што сите земји имаат заеднички точки кои што ги обединуваат, а не ги разделуваат, како што беше во минатото. Премиерите на Македонија и на Бугарија покажаа како можат да се решат разликите преку дијалог, изјави Спасовски.

- Advertisements -

Тој во Софија учествуваше на средбата на министрите за внатрешни работи од Западен Балкан и ЕУ на која се разговараше за борбата против организиранит криминал, корупцијата и нелегалната миграција.

Поврзани новости