Спасовски: Прашањето за јазикот е регулирано со Уставот на Македонија!

by Fokus

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи вели дека во однос на Програмата на СДСМ, таа е е усвоена уште минатата година и постојано се апдејтира.

– Меѓутоа постојат и низа на други мерки во Програмата коишто пред се се насочени кон развојот на економијата, задржување на младите луѓе во Република Македонија, задржување на граѓаните на Република Македонија… Инаку, прашањето на јазикот е регулирано со Уставот на Република Макдонија и со позитивните законски прописи, тоа претставува доволна рамка само треба да биде имплементирана – рече Спасовски.

Поврзани новости