Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судот

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не размислува да поднесе оставка откако полицијата направи неколку безуспешни обиди да го пронајде осудениот екс-премиер Никола Груевски.

Спасовски вината што Груевски стана недостапен за органите на прогонот ја гледа кај судската власт.

„Одговорноста барајте ја кај судиите кои не одредиле мерка притвор за човек кој е осомничен за повеќе кривични дела“, рече Спасовски додавајќи дека полицијата работи врз основа на судските наредби.

Поврзани новости