Спасовски од Тирана: Одлучивме иднината да ја градиме во ЕУ и НАТО

by fokus

Земјите од Западен Балкан одлучија својата иднина да ја градат во рамките на Европската унија и НАТО. Интеграцијата на овие земји отвора перспективи и можности за надминување на политички конфронтации во регионот и создавање стабилно, безбедносно опкружување, кое ќе обезбеди економски раст и развој.

Ова го истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Тирана, каде учествуваше на Меѓународната конференција посветена на борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.

Говорејќи за значењето на билатералната, но и регионалната соработка, министерот Спасовски нагласи дека Република Македонија е активна и постојана членка на меѓународни асоцијации и организации како безбедносно разузнавачки клубови СЕЕИК (Конференција на разузнавачки служби на ЈИЕ) и МЕК (Средноевропска конференција) и активно партиципира во размената на податоци од безбедносен интерес за прашања кои ја засегаат европската безбедност.

– Во континуитет соработуваме и со меѓународни организации и институции ЦТИ (Контратерористичка иницијатива) Еуропол, Интерпол, Селек, ОБСЕ и се пренесуваат најдобрите практики од европските земји кои имаат исклучително значење во процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, истакна Спасовски.

Поврзани новости