Спасовски: Од државата најмногу заминуваат реализирани луѓе кои можат да имаат перспектива и тука и надвор

by fokus 16:06
16:06

Клучната борба е како да го консолидираме овој наш систем, реформите, пред се неселективната борба против криминалот и корупцијата. Северна Македонија треба да го гради системот под надзор на ЕУ, потребно е да ги зајакнеме институциите за граѓаните да имаат верба во нив, за тие да функционираат, рече денеска министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски на трибината на Демократскиот сојуз насловена „Македонија на крстопат“.

Според него, за она што ни се случува со младите денес, клучна причина не е економската ситуација.

- Advertising -

– Од државата најмногу заминуват реализирани луѓе, луѓе кои можат да имаат перспектива и тука и надвор. Тие препознаават дека системот не ги препознава интересите на граѓаните. Наша битка е да се избориме против криминалот и корупцијата. Сите наши активности мора да бидат насочени кон оваа цел во иднина, што ќе има силен импакт во смисла на интеграциите на државата и кон силна консолидација на системот, рече Спасовски.

Спасовски посочи дека членството во НАТО е се поизвесно и оти тоа ќе ги отвори перспективите за натамошниот развој на државата.

– Еден друг елемент кој не разочара е неносење на одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Колку и да е големо разочарувањето едно треба да е јасно и сатисфакција за сите нас – тој почеток на преговорите ќе се случи без разлика на сите трубуленции. Факт е дека земјава ја поддржуваат сите членки на ЕУ, исклучиво Франција беше против во однос на почетокот на преговорите и тоа не само заради нас, туку и односите во ЕУ и тоа ја потврдува тезата на дебатава денес – „Македонија на крстопат“.

Поврзани новости