Спасовски од дома ќе раководи со Владата, вели ширењето на корона вирусот е во рамки на очекуваното

by fokus

Техничкиот премиер Оливер Спасовски преку видео обраќање порача дека Владата ќе функционира непречено, а тој ќе ги извршува обврските од својот дом, откако е во изолација, поради контакт со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

-Од мојот дом непречено ќе ги извршувам сите мои работни обврски како премиер. Владата ќе функционира непречено, преку интернет конференциската врска и ќе ги извршуваме секојдневно обврските и приоритетите во овие вонредни услови. Кризниот штаб и Владата, како и во изминатите денови, ќе се состануваат секој ден, преку видео врска, вели Спасовски.

Иако денеска беа регистрирани најголем број на новозаболени од корона вирус, Спасовски вели дека ширењето е во рамки на очекуваното.

-Анализата покажува дека земјата ни се движи според проектираното контролирано сценарио, без екстремно висока експанзија на новозаболени. Од друга страна, расте бројот на излечени. Пред два дена сите се израдувавме, имавме 42 оздравени наши граѓани само во еден ден. За ја задржиме постоечката контрола врз ширењето и да дојдеме до моментот кога бројката на излечени ќе станува поголем од бројот на новозаболени, мора секој од нас да даде придонес, смета Спасовски.ж

Поврзани новости