Спасовски: Неказнивоста стана пракса во времето на заробената држава и сега ги отежнува промените

by fokus 19:19
19:19

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на насилствата против новинарите, вели дека предупредувал дека нерасчистениот напад од 24 декември, кога државата удрила врз новинарите во Собранието ќе доведе до нешто полошо, а тоа беше упадот на 27 април во законодавниот дом.

Од 52 пријавени напади на новинари и постојани смртни закани, има само две ефективни казни. Според министерот, неказнивоста станала пракса во времето на заробената држава и затоа ги отежнува денешните промени.

- Advertisements -

-Криминалот, злоупотребата на положбата во ниеден момент не е поврзана со некој политички процес ниту со одредена личност, вели Спасовски за 1 ТВ и додава дека активностите што ги презема се заради изградба на институционалниот систем и довербата, заради идните процеси во земјава.

Поврзани новости