Спасовски не сака да открие дали ќе биде технички премиер

by fokus

Имаме уште доста време, заради тоа што во политиката времето е релативна работа и јас сум насочен апсолутно да ги реализирам приоритетите додека сум министер за внатрешни работи, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде премиер на техничката влада.

– За сите прашања што ќе бидат за формирањето на техничката влада кои ќе бидат личностите во таа влада, сигурно за тоа ќе одлучува премиерот, ќе одлучуваат органите на партијата и не би сакал уште сега да шпекулираме заради тоа што навистина за тоа нема потреба. Кога ќе дојде моментот ќе се донесат одлуките и тие ќе бидат соопштени во јавноста, рече Спасовски.

Поврзани новости