Спасовски: Назначувањата во МВР се поништени, зашто се незаконски

by fokus 19:24
19:24

Премиерот Оливер Спасовски денеска од Охрид оцени дека поништувањето на 89 решенија за вработување во Министерството за внатрешни работи е направено поради тоа што назначувањата се незаконски.

– Законот за Влада точно предвидува дека министерот за внатрешни работи во овој период може да промени 15 службеници на раководни функции. Досега, министерот Наќе Чулев има извршено 14 промени, а со 89-те сега поништени решенија се извршени промени на началнички или раководни места во МВР, што е спротивно на Законот, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој посочи дека министерот за внатрешни работи има право на хоризонтални распоредувања на кадри во службата, но ни е и на промени на раководни структури.

- Advertising -

– Апелирам одлуката на Владата да се почитува бидејќи непочитувањето е свесно кршење на законите што навлегува во друга процедура за која мора да бидат свесни сите – и министерот и раководните структури во Министерството и оние на кои се однесуваат тие решенија. Секој треба да знае колкави се неговите права, онолку колку што предвидуваат позитивните законски прописи, нагласи Спасовски.

Во однос на поставувањето на таблата со поранешното име на државата во Министерството за труд и социјална политика, Спасовски најави дека првично ќе разговара со министерката Рашела Мизрахи со цел да се запознае со фактичката состојба, а доколку увиди дека партиските интереси се ставаат пред државните, ќе преземе мерки.

 

Поврзани новости