Спасовски: Нападнаа полициски службеници, а добија само мерки на претпазливост

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното интервју во емисијата 360 Степени го коментираше пукањето во хотелот Александар Палас. Тој уште еднаш повтори дека жали што Обвинителството не побарало мерка притвор за оние кои се судрија со Алфите.

-Има голема веројатност дека има поврзаност меѓу двата настани (судирот со Алфите и пукањето меѓу двете групи). Мора да се испрати силна порака дека државата се бори со криминалот. Искрено жалам што ОЈО немаше храброст да побара мерка притвор. Сите завршија со други мерки, одземање на пасоши, јавување во Суд, а станува збор за напад на полициски службеници. Државните органи мора да функционираат. Криминалци постојат секаде и ги има секаде. Случаите ќе се расчистуваат.
Мора да имаме расчистување на институциите. Тука мислам и на мојата институција и на судството и обвинителството, вели Спасовски.

Поврзани новости