Спасовски на средба со ОДИХР: Избирачкиот список не е прочистен

by Фокус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР, Јан Петерсен, на која се разговараше за условите за избори.

-Чист избирачки список е еден од основните услови за да се спроведат фер и кредибилни  избори, но и покрај преземените обврски со Договорот од Пржино, списокот не е прочистен, истакна министерот Спасовски.

Тој ги инфромираше претставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР и дека Владата поттикнува функционери во министерството да вршат кривични дела, за што ќе мора да  одговараат според Кривичниот законик.

Поврзани новости