Спасовски: На овие избори да ја вратиме украдената победа на Пендаровски од 2014 година

by fokus

Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Оливер Спасовски, вчера попладне беше со граѓаните на Охрид со кои разговараше за реформските процеси, позитивните економски политики кои ја вратија државата на вистински пат, но и за одговорноста да избереме вистински претседател кој ќе биде партнер на граѓаните и ќе ја води државата напред кон развој и интеграција.

– Откако ја презедовме одговорноста, ја поставивме државата на вистински пат, имаме пораст на платите, рекорден број на странски инвестиции, се отвораат нови работни места. Пред нас е обврската да продолжиме да работиме во тој правец и да ги задржиме нашите деца дома – порача Спасовски.

Пред граѓаните, Спасовски ја потенцираше важноста по 10 години конечно да избереме вистински претседател кој државата ќе ја води кон интеграции и подобар живот за сите.

– На Стево Пендаровски во 2014 година му беше украдена победата, затоа на овие избори мораме да ја исправиме таа неправда. Стево е човек кој ќе води напред кон подобра иднина, кон интеграции и подобар живот за сите. Од другата страна воопшто немаме алтернатива, бидејќи сите се свесни дека патот кон ЕУ и НАТО е вистинскиот пат, бидејќи сите се свесни дека Стево е вистинскиот избор за претседател. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат поддршка за Стево, ќе дадат поддршка на концептот што води напред.

На овие избори, овде во Охрид одиме на двојна победа. Победа за Стево, победа за Константин за Охрид, повика Спасовски.

Поврзани новости