Спасовски: MВР повторно се вмроизира!

by Фокус 11:57
11:57

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовки, кој пред два дена си даде оставка, во интервју за „10 Минути“, обвини дека со враќањето на Митко Чавков на чело на МВР, оваа институција повторно е „ВМРОизирана”.

– Министерството пак се враќа по старо и се вмроизира. Јас ги охрабрувам професионалците кои власта ги искористува за нивни интереси да не потклекнуваат на таквите злоупотреби и да го заштитат дигнитетот на оваа институција. Доктори на науки ги праќаат во маргинални средини, а началници и команданти со сомнително образование се враќаат на високи позиции. Тој систем мора да се демонтира – порача Спасовски.

- Advertisements -

Тој рече дека тоа што вчера се ракувал на примопредавањето на функцијата со Чавков било чисто домашно воспитување.