Спасовски му го предаде кабинетот на Чавков

by Фокус

Оливер Спасовски енеска му ја предаде функцијата министер и кабинетот на новиот министер за внатрешни работи на Митко Чавков при што беше извршено примопредавање на должноста Министер за внатрешни работи.

Ова следува по одлуката на Уставниот суд, да донесе времена мерка за запирање на сите изборни активности, по што беше свикана собраниска седница, на која се одложија закажаните предвремени парламентарни избори од 5-ти јуни, на неопределено, а воедно оставките од министрите од СДСМ кои беа поставени како дел од Пржинскиот договор, беа констатирани.

Чавков на вчерашната собраниска седница потпиша и свечена изјава со што и официјално станува министер. По гласањето СДСМ ја напуштија седницата на Собранието која итно ја свика спикерот Вељановски.

Премиерот Емил Димитриев објаснува дека нивното назначување е врз основа на тоа дека нема да има избори на 5 јуни. Ова следеше по констатирањето на оставките на сите министри и дополнителни министри од СДСМ.