Спасовски: Многу е важно за иднината на државата да се донесе законот за ЈО

by fokus 11:04
11:04

Премиерот Оливер Спасовски очекува Предлог законот за јавно обвинителство, за којшто е потребно двотретинско мнозинство да биде разгледан на пленарна седница и усвоен од Собранието. Порачува дека иако не е услов за европските перспективи на државата сепак е позитивен аргумент за пред членките на ЕУ за добивање датум за преговори. Се повеќе се расчистува, како што вели, маглата за тоа кои се поентите и зошто треба да се донесе.

– Неколкупати истакнав дека многу е важно за иднината на државата да се донесе Закон за ЈО. Иако тој не е  услов  за европските перспективи на државата, но е добар позитивен пример и аргумент со кој можеме да настапиме пред државите членки на ЕУ при добивање на датумот за почнување на преговорите. Мислам дека добро се развива и целата дебата околу законот за ЈО и како тече расправата, дали е тоа во Влада, дали е тоа во комисиите во Собранието, мислам дека се повеќе се расчистува маглата околу тоа кои се поентите и зошто треба да се донесе законот. Јас очекувам дека овој закон ќе се разгледа на пленарната седница и дека ќе биде усвоен од Собранието, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

- Advertising -

Поврзани новости