Спасовски: Ќе разговараме и за забрана на театарските и кино-претстави

by Фокус

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, после денешната лидерска средба во врска со корона вирусот, истакна дека сите партиски лидери се обединиле околу ставот дека здравјето е најважно. Спасовски посочи дека тие прифатиле да се однесуваат одговорно во однос на заедницата и јавното здравје.

-Сите институции постапуваат соодветно и делуваат со препораки. Суштински важно е да се почитуваат препораките од стручните тела. СЗО прогласи пандемија и тоа е причина повеќе за поголема одговорност на сите. Секоја земја има право да воведе автентични мерки – рече Спасовски.

Тој истакна дека на денешната владина седница ќе се разгледа предлогот на епидемиолозите за забрана на сите јавни собири и кафетериите да работат со скратено време, но, како што рече, и да се откажат сите театарски и кино претстави и културни настани.

-Разговаравме за сите можни аспекти, здравјето е над се, но и економијата мора да функционира. Денес во 16 часот ќе имам средба заедно со економскиот тим со стопанските комори заедно да ги разгледаме состојбите – рече Спасовски, додавајќи дека моментално буџетот е ликвиден, а фискалната политика е стабилна.

Според него, се уште е рано да се разговара за евентуално свикување на распуштањето на парламентот за ребаланс на буџетот, како и за евентуално одложување на изборите.

Поврзани новости