Спасовски: Излечените 200 граѓани ни даваат дополнителна мотивација во борбата со корона вирусот

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски вели дека 200-те излечени пациенти, кои го победија корона вирусот, ни даваат дополнителна мотивација во спречувањето на ширењето на вирусот.

-200 излечени наши граѓани од КОВИД-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на корона вирусот.

Регистриравме и ден со поголем број излечени од новозаразени.

Тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост. Тие ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија, напиша премиерот на фејсбук, коментирајќи ја вчерашната статистика.

Тој порачува сите да продолжат да ги почитуваат мерките.

-Да продолжиме да ги почитуваме мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржиме од групирања и така да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови, напиша Спасовски.

Поврзани новости