Спасовски: Имаме посебен оперативен план за Нова година

by Фокус

Министерот за внатрешни работи денеска соопшти дека МВР има посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари. Тој предупредува дека ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да сноси одговорност.

„Исчезнаа огласите за групни прослави по викендици за Нова Година откако започнавме со апели и проверки преку Секторот за превенција при МВР. Полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир, а тоа го покажува ланскиот мал број пријави и инциденти. Имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари, затоа апелирам за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје, ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност“, пишува Спасовски на фејсбук.

Поврзани новости