Спасовски и Жерновски на Бледски стратешки форум

by fokus 09:09
09:09

Министерот за внатрешни работи и Оливер Спасовски и заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска ќе учествуваат на традиционалниот 13. по ред „Бледски стратешки форум 2018”.

Спасовски, како што соопшти МВР, ќе има обраќање на тема „Безбедност и владеење на правото преку обновена ЕУ перспектива“,

- Advertisements -

Заменик-министерот за надворешни работи, пак, ќе се обрати на панелот „Западен Балкан: Изгубени години или нова надеж?“.

Жерновски се очекува да оствари и билатерални средби со повеќе претставници и учесници на Форумот, во функција на информирање на соговорниците за претстојниот рефрендум, како и дека Република Македонија е суштински посветена на реформскиот процес со цел да стане 30-та земја членка на НАТО Алијансата, се наведува во соопштението на МНР.

Бледскиот стратешки форум 2018, кој во својот концепт вклучува не само политичка, туку и општествена компонента, оваа година се очекува да биде досега најголем, со 24 различни панели, на кој ќе присуствуваат околу илјада учесници – државници, политичари, професори, бизнисмени. 

Поврзани новости