Спасовски: И ставивме крај на заробената држава

by fokus

Реализираме голем дел од мерките преку коишто ги реформираме, професионализираме и ослободуваме институциите, истакна потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, кој вчеравечер учествуваше на отворена трибина со граѓаните на општина Ѓоре Петров.

Тој воедно истакна дека Владата ставила крај на заробената држава и дека денеска институциите работат единствено во интерес на граѓаните.

„Во изминативе 10 месеци месеци и како партија предводник на Владата и парламентарното мнозинство работевме напорно, работевме одговорно и на домашен и на меѓународен план за да се врати довербата во институциите, да се врати довербата во Република Македонија и нашата држава повторно да стане почитуван регонален и глобален партнер. И денеска, после една година од 27 април кога Македонија беше на работ од бездната на пропаста, можеме да заклучиме дека Македонија направи еден огромен исчекор напред. Денес Македонија има сериозна поддршка и е почитувана држава во регионот и Европа. Тоа носи стабилност а стабилноста и интеграциите носат повеќе инвестиции, подобри работни места, повисоки плати“, истакна Спасовски.

Поврзани новости