Спасовски го посети повредениот полицаец

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го посети тешко повредениот полицаец, кој синоќа заедно со неговите колеги беше нападнат од дрвокрадци.

-Заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски го посетивме нашиот колега во клиничкиот центар во Скопје и се надеваме дека тој и другите четворица колеги што побрзо ќе закрепнат и повторно ќе се вратат да им служат на граѓаните, напиша Спасовски на фејсбук.

Поврзани новости