Спасовски го осуди насилството во Штип и повика да не се споделува видеото

by Фокус

Премиерот Оливер Спасовски го осуди насилството врз девојката од Штип и најави дека лично ќе се заложи сите владини институции најитно да постапат за девојката да биде веднаш заштитена, а насилниците да бидат што поскоро казнети. Воедно, тој ги повика медиумите и граѓаните да не го споделуваат вознемирувачкото видео, за да ја почитуваат приватноста на девојката.

„Никој не смее и нема право да биде насилен кон друг човек. Добро е што институциите веднаш постапија и очекувам резултати од тоа постапување наскоро. Ги охрабрувам сите оние кои сведочат, или пак самите се жртви на насилство да пуштат глас и да пријават, за институциите да постапуваат. Никој не треба да живее во страв или тортура, тоа е основно човеково право и зад тоа секогаш ќе стојам и лично како човек, а и како институција“, напиша Спасовски на фејсбук.

Поврзани новости