Спасовски: Две лица се приведени за случајот “Јавна соба”

by fokus

Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, напиша Спасовски на фејсбук.

Поврзани новости