Спасовски чека НАТО безбедносен сертификат, на Маричиќ не му е потребен, велат од Владата

by fokus 17:12
17:12

Постапката за стекнување НАТО безбедносен сертификат за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е во тек, а за министерот за правда Бојан Маричиќ, ваков документ воопшто не е ни потребен, велат од Владата за МИА.

Од Владата додаваат дека претседателот на државата, премиерот и претседателот на Собранието поседуваат национални безбедносни сертификати.

- Advertisements -

-Северна Македонија ги остварува сите права и ги реализира сите обврски како полноправна членка на НАТО на идентичен начин со сите останати 29 земји сојузници. Административните постапки за стекнување безбедносни сертификати се идентични за сите држави членки и може да траат и до шест месеци, а пандемијата дополнително го пролонгира тој процес. За министерот за внатрешни работи, постапката е во тек, а за министерот за правда, ваков документ воопшто не е ни потребен. Независно од тоа, претседателот на државата, претседателот на Владата, претседателот на Собранието поседуваат национални безбедносни сертификати, се нагласува во изјавата од Владата за МИА.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски претходно денеска на прес-конференција праша дали Бојан Маричиќ е вториот министер во Владата на Заев, кој нема НАТО-сертификат.

-Дали првиот човек на правда е недоверлив според стандардите на НАТО? Покрај Оливер Спасовски, кој сам призна дека нема НАТО-сертификат, Маричиќ би бил вториот министер во Владата на Заев без сертификат, и тој како и Спасовски, води ресор од исклучителна важност за безбедноста на државата, посочи Петрушевски.

Поврзани новости