Спасовски: Апсењето на Азири не беше воопшто доцна, се трага по Демири и Исмаиловиќ

by fokus

Случајот со апсењето на Фејзи Азири еден од обвинетите во „Монструм“ е целосно расчистен и тоа воопшто не е задоцнето, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Апсењето на Фејхи Азири не беше воопшто доцна. Во моментот кога е пронајдено лицето, стражарно е обезбедено на Клиниката за пулмологија. Ние во истиот момент не можеме практично да ги информираме сите медиуми, после тоа ги известивме медиумите и го известивме затворот кој што распиша потерница или барање за нивно приведување. Во тој дел случајот е сосема расчистен, рече Спасовски во изјава за новинарите по промоцијсата на Програмата на одделот за внатрешна контрола, криминализтички истраги и професионални стандарди при МВР – „Јакнење на интегритетот на полициските службеници“.

Во однос на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство, а се исто така меѓу обвинетите за „Монструм“, Спасовски рече дека имаат одредени информации, но не можат да ги споделат во јавноста.

– Службите во МВР задолжени за овие случаи ги анализираат, ги правиме проверките и секако кога ќе дојдеме до релевантен податок ќе можеме да реализираме каква било акција, рече министерот за внатрешни работи.

МВР порано денеска објави дека вчера во 16.30 часот од страна на полициските службеници од Единицата за Потраги при СВР Скопје во Клинички центар „Мајка Тереза“ на Одделот за пулмологија е пронајден и приведен Ф.А.(60) од Скопје.

Азири се барал по потерница од Казнено поправна установа „Затвор Штип“ за доиздржување казна затвор од шест години и четири месеци за сторено кривично дело „Недозволено држење на оружје или распрскувачки материјали“.

Поради отсуството на Азири, вчера беше одложено рочиштето за „Монструм“, прво откако предметот го презеде СЈО.

Поврзани новости