Спасов сепак поднел само пријава-поплака против лицата кои „го бркале и му се заканувале“

by fokus

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална работа, Диме Спасов, откако синоќа дал исказ во полициска станица за сообраќајни несреќи кои ги предизвика, поднел пријава – поплака против неколку лица од населбата Серава.

Спасов тврдел дека тие го бркале и му се заканувале, па тој морал да бега со службениот Туарег во сопственост на Агенцијата за вработување. Останува нејасно зошто тоа не и го кажал на полициската патрола која го сопрела, и од која потоа побегнал.

Лицата кои ги обвинува Спасов кога дознале дека тој ги посочил како напаѓачи, сами отишле во полиција и дале искази дека се лажно обвинети.

Поврзани новости