Спасов: Поплавените семејства ќе добијат авансна отштета

by fokus

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов дененска најави дека на семејствата чии домови беа поплавени во невремето, ќе им биде исплатено авансно обештетување, а откако ќе се завршат проценките на штетите ќе им се исплати целата сума.

Ова било предложено на синоќешната седница на Влада, каде е договорено да се направи план за да се испитаат можносите и да се провери колку пари се потребни за најоштетените, а потоа Министерството за финансии да даде предлог за авансна исплата.

Спасов додаде дека комисиите за проценка на штетите веќе одат на терен, а убедува и дека ситуацијата е подобрена, бидејќи биле ангажирани поголем број работници и механизација.

Поврзани новости