Спалети: Имаме големи шанси да го освоиме „Скудетото“

by fokus

Tренерот на Наполи, Лучано Спалети, оцени ден по вчерашната победа над Салернитана (2-0) дека клубот од Неапол има голема шанса по повеќе од три децении да ја освои шампионската титула во Италија.

Наполи по 19. одиграни натпревари оваа сезона е првопласиран на табелата со 50. бодови, 12. повеќе од Милан на второто, и 13 шред  Интер на третото место. Јувентус испадна од трката за титулата откако викендов беше казнет со одземање 15 бодови поради финансиски малверзации.

-Имаме голема шанса да го освоиме „Скудетото“. Мораме да се однесуваме на соодветен начин и не смееме да ги пропуштаме шансите кои ни се укажуваат. Потребно е да останеме мирни и фокусирани, да ја играме нашата игра, изјави Спалети.

Наполи последен пат беше италијанскиот шампион во 1990 година.

Поврзани новости