Советот за безбедност утре ќе расправа за Ковид-19, поканет и министерот Филипче

by fokus

Советот за безбедност утре со почеток во 11:00 часот во претседателската „Вила Водно“ ќе одржи седница за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19.

На седницата, како што соопшти кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.

На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.

Поврзани новости